Дома Македонски спорт Мак ракомет ЖРК Ѓорче Петров ќе игра за четвртфинале во Европскиот куп – влезот е бесплатен!

ЖРК Ѓорче Петров ќе игра за четвртфинале во Европскиот куп – влезот е бесплатен!

В сабота од 18.00 часот во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје актуелниот македонски женски ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето во Европскиот куп против Хазена Кинжварт од Чешка.

Влезот за овој меч ќе биде слободен за сите љубители на ракометот и спортот, со цел да се даде потребната поддршка за ракометарките на тренерот Симе Симовски да се извлече поволен резултатот пред реваншот кој е закажан за 20 јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓорчепетровки во ова натпреварувањето до сега ги елиминираше ЖРК Тиват (Црна Гора) и Еупен (Белгија).

Судии на утрешниот дуел ќе бидат Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан, а ЕХФ делегат е Ана Марија Стоја од Романија.

Што се однесува до настапите во домашниот шампионат, ЖРК Ѓорче Петров во есенскиот дел од сезоната запиша максимални 39 бодови, со победи на сите 13 натпревари. Вториот дел од сезоната ќе започне во март, а најдобрите четири екипи од Македонија ќе обезбедат настап на меѓународната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…