Нареднава седмица, барем до викендот нема да има кој знае каква понуда. Воглавно ќе се играат некои заостанати натпревари и куп дуели. Ова е нашиот супер дабл за денес.
Миделсброу – Челзи – 2&0-3 @ 2.60 во Mozzart
Ова е натпревар од ½ финалето на англискиот ЕФЛ Куп а од оваа рунда се играат два натпревари. Тоа само по себе ги зголемува шансите за подобрата екипа да продолжи понатаму, а тоа во овој случај е екипата на Челзи. Изненадувањата се чести кога се игра еден натпревар, па така домаќините стигнаа до ½ финалето. Во Чемпионшип, Миделсброу имаше два порази во три кола и Челзи им доаѓа во лош период. За тоа време пак Челзи е во серија од три победи од кои две во Премиер лигата и еден во ФА купот. Веруваме дека гостите ќе можат да запишат победа на овој натпревар и ние типуваме 2&0-3 гола со квота 2.60 во Mozzart.
Ризеспор – Бешикташ – 1Х&2+ @ 1.70 во Bet365
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Помеѓу двата викенди ќе се игра и заостанатото 16-то коло во турската Супер лига кое беше одложено поради насилство на теренот. Ризеспор е во одлична форма и нема пораз на последните седум натпревари, а во тој интервал запишаа четири реми и три победи, а во меѓувреме поминаа понатаму и во турскиот Куп. Бешикташ доаѓа во Ризе после само една победа во последните пет кола што јасно укажува дека овој тим не е во кој знае каква форма. Во минатото коло беа поразени од Кашимпаша со резултат 3-1. Овде ние очекуваме Ризе да останат непоразени и да се постигнат најмалку два погодоци. Коефициентот за 1Х&2+ со квота 1.70 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.42
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk