Дома Трансфер зона Ѕвездата на Џенова пред трансфер во Тотенхем

Ѕвездата на Џенова пред трансфер во Тотенхем

Романскиот дефанзивец Раду Драгушин игра фантастична сезона во Џенова и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Џенова го откуши неговиот договор од Јувентус во летниот преоден рок за 5 милиони евра, а сега Драгушин е на мета на многу европски клубови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо објави дека Тотенхем ја победил конкуренцијата и е во напредни преговори со Џенова.

Премиерлигашот ќе плати 25 милиони евра за дефанзивецот плус бонуси, а остануваат да се договорат само детали.

Во следните денови Драгушин ќе отпатува за Лондон на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…