Тотенхем денес и официјално го претстави Раду Драгушин, кој доаѓа од Џенова во трансфер вреден 30 милиони евра со вклучени бонуси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Драгушин играше фантастична сезона во Џенова и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Џенова го откуши неговиот договор од Јувентус во летниот преоден рок за 5 милиони евра, а сега 20% од сумата ќе завршат во касата на „старата дама“.
Интерес за Драгушин покажуваа уште Баерн Минхен и Милан, но Тотенхем ја доби битката за неговиот потпис.
Романскиот дефанзивец преферираше трансфер во Премиер лигата и денес стави потпис на договор со Тотенхем до 2030 година.