Дома Трансфер зона Тухел сака засилување во одбраната: Баерн спрема 30 милиони евра за одличниот дефанзивец од Серија А

Тухел сака засилување во одбраната: Баерн спрема 30 милиони евра за одличниот дефанзивец од Серија А

Дефанзивецот на Џенова Раду Драгушин е еден од најбараните оваа зима, а сега во игра за неговиот потпис се појави и Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според романските медиуми Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и им ставиле до знаење дека сакаат да го доведат во своите редови.

Претходно со Драгушин се поврзуваа Тотенхем и Наполи, но сумата од 30 милиони евра за нив е превисока

Томас Тухел очајно сака уште еден стопер, Роналд Араухо останува негова желба, Ерик Дајер е играч за ротација од клупата, додека Драгушин може да биде одличен влог за во иднина.

Драгушин има само 21 година, оваа година е еден од најдобро оценетите во Серија А, па затоа и е голем интересот за неговиот потпис.

Од денеска како што изгледа Баерн Минхен е најсериозен кандидат, бидејќи медиумите во Романија истакнуваат дека Германците нема да губат време и се подготвени да ги забрзаат преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…