Македонскиот ракометен бренд Вардар1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар1961 препознатлив спортски белег.
Секоја помош и поддршка е добредојдена, и значи исполнување на целите кои секогаш се поврзани со остварување на највиските резултати, привлекување на нови млади ракометари, и создавање на здрави навики на младите преку промовирање на спортот на начин на живот.
Заедно се радувавме на многу успеси, и ветуваме дека и во иднина ќе бидеме спортската гордост на Скопје.