Дома Трансфер зона Хрватот Крамариќ би можел да направи трансфер во Серија А

Хрватот Крамариќ би можел да направи трансфер во Серија А

Хрватскиот фудбалер Андреј Крамариќ би можел по осум години да го напушти Хофенхајм и кариерата да ја продолжи во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот агент Винченцо Каваљере истакна дека 32-годишниот напаѓач има понуди од Апенините и веќе во јануари би можел да заигра во Италија.

„Крамариќ ги следи случувањата во Италија и е убеден дека може да биде стартер во било кој тим. Хофенхајм сака да го задржи, но се може да се случи“, изјави Каваљере и додаде:

„Профилот на Андреј е привлечен за големите клубови, многу брзо би можело да се случи да ја промени средината“, изјави неговиот агент.

Во изминатите осум години Крамариќ испиша историја во Хофенхајм постигнувајќи 123 гола на 267 натпревари, покрај тоа додаде и 51 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…