Пред нас се три возбудливи денови. Ќе се игра последната рунда во оваа година кај Германците, Шпанците и Французите. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Дортмунд – Мајнц – 1&3+ @ 2.45 во Mozzart
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фановите на Дортмунд се сеќаваат на последниот дуел со Мајнц каде што им требаше триумф за да бидат шампиони, но за жал тоа не се случи. Прашање е дали повторно Дортмунд ќе има шанса за тоа. Тие немаат победено на последните пет натпревари, а покрај елиминацијата од ДФБ купот и ремито со ПСЖ во ЛШ, ремизираа против Леверкузен и Аугсбург, а беа поразени од Лајпциг на домашен терен. Гостите се во тешка ситуација и немаат победено на последните пет натпревари, а без погодок се на последните три дуели. Ние овде типуваме 1&3+ со квота 2.45 во Mozzart.
Наполи – Фросиноне – 1 @ 1.42 во 22Bet
Актуелниот шампион на Италија полека го губи чекорот во трката за одбрана на Скудето и некако купот на Италија се наметнува како шанса за трофеј оваа сезона. Наполи стигна до 1/8 финалето и сега ги очекува дуел со Фросиноне. Гостите пак играат солидно во Серија А и се наоѓаат на 13-то место после 16 кола и тоа е сосема задоволувачки пласман со оглед дека нив ги интересира само навремен опстанок. Без поголеми дилеми овде очекуваме Наполи да победи и типуваме 1 со квота 1.42 во 22Bet.
Порт Вејл – Миделсброу – 2 @ 1.90 во Bet365
Англискиот Лига Куп стигна до ¼ финалето и ќе имаме една екипа која не е Премиерлигаш во полуфиналето. Порт Вејл е член на Лига 1, додека Миделсброу доаѓа од Чемпионшип, а сите останати се дел од елитата. Порт Вејл елиминираше доста сериозни екипи во купот, а Миделсброу е во супер расположение бидејќи во саботата славеше против Свонси. Во овој дуел гостите се фаворити и очекуваме да ја оправдаат таа улога. Наш предлог тип за овој натпревар е 2 со квота 1.90 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.61
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk