Интер сака во зимскиот преоден рок да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше во последен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и би можел да се пресели во Милано, но во дресот на Интер.
„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за иранскиот напаѓач и сакаат да го доведат без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Целта е што побрзо да постигнат договор со играчот, а доколу Порто не сака да го пушти во јануари, Тареми ќе се пресели во Интер на лето како слободен агент.