Напаѓачот на Порто, Мехди Тареми наредното лето ќе стане нов член на Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тареми влезе во последните шест месеци од договорот со Порто, па имаше право да потпише преддоговор со следниот клуб, а како што стојат работите го избрал Интер.
31-годишниот стрелец договори двегодишен договор со Интер и ќе биде уште едно засилување во нападот на Симоне Инзаги.
Тареми стана вистински миленик помеѓу навивачите на Порто откако дојде од Рио Аве во летото 2020 година, а досега на 171 натпревар во сите натпреварувања постигна 86 гола и забележа 53 асистенции.
Интересно е да се истакне дека Тареми во Европа пристигна дури во 2019 година од катарската Ал Гарафа, а претходно настапуваше во својата татковина Иран со која моментално е на Азискиот куп.