Дома Фудбал Англија Ова не го очекуваа: Тен Хаг ги разочара навивачите за преодниот рок

Ова не го очекуваа: Тен Хаг ги разочара навивачите за преодниот рок

Maнчестер Јунајтед сезонава не игра на највисоко ниво и тоа е им на сите јасно.

Екипата предводена од холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг не е на нивото на кое навивачите очекуваат, па јасно е дека засилувања се потребни.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кога се трансферите во прашања Јунајтед во последниот период правеше грешки, па фановите се надеваат дека јануарскиот преоден рок ќе биде многу подобро одработен.

„Од секој играч кој ќе дојде во тренинг центарот очекуваме да го пружи најдоброто. Како клуб, мораме да го гледаме и трансфер пазарот, а ако постои играч кој би не направил подобри и кој не е скап да ни направи проблем со Финаискиот фер плеј, ќе се обидеме да го доведеме.

Од друга страна реалноста е таква што на зима не можете да ги добиете најдобрите играчи. Во јануари најдобрите играчи вообичаено не заминуваат, клубови менуваат фудбалерите кои разочарале, не се вклопиле и слично“, изјави Тен Хаг.

Според оваа изјава од Манчестер Јунајтед не треба да се очекува премногу во зимскиот преоден рок, нешто што на навивачите сигурно нема да им се допадне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Казнет напаѓач девет натпревари поради расизам кон поранешен играч на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Престон, Милутин Осмаич, беше казнет со девет натпревари поради расистички на…