Тажна вест ни пристигнува од Германија, фудбалерот на Регенсбург, Агјуеманг Диавусие ненадејно починал на само 25 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на германските медиуми тој починал од природна смрт, а клубот замоли да се почитува неговата приватност.
Станува збор за фудбалер кој играше како десно крило и во минатото настапуваше за Риед, Динамо Дрезден, Инглоштад и Лајпциг. Младинските категории ги помина во Нирнберг, своевремено беше член и на германската репрезентација до 19 години.
„Добивме страшна вест, почина нашиот фудбалер Агјумеанг Диавусие на 25 годишна возраст. Клубот е шокиран и длабоко погоден од оваа трагедија. Сите во клубот испраќаме сочувство до неговите најблиски и пријателите. Поради почит кон неговото семејство ве замолуваме да ја почитуваме нивната приватност“, објави германскиот клуб.
Ghanaian footballer Agyemang Diawusie dies at age 25 in Germany https://t.co/IZgpdT0649 pic.twitter.com/QfmcFxw5Ga
— Pulse Ghana (@PulseGhana) November 29, 2023