Дома Тикет на денот Тикет на денот (петок, 24.12.2023)

Тикет на денот (петок, 24.12.2023)

Помина и репрезентативната пауза и повеќе нема прекини до завршетокот на есенскиот дел од сезоната. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Јагелонија – Пјаст – ГГ3+ @ 2.38 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот шампионат можеби не спаѓа во најквалитетните во Европа, но секако има свој драж. Та најмногу се забележува во борбата за титула бидејќи тимовите се изедначени, па неизвесноста е секогаш присутна. Јагелонија оваа сезона игра одлично и се наоѓа на одличното второ место со три бода помалку од Шљонск. Меѓутоа во битката за врвот, вклучени се дури шест тимови. Пјаст е тим кој доаѓа од долниот дел на табелата, но тоа е екипа која има квалитет за многу подобра позиција. Ние овде типуваме ГГ3+ со квота 2.38 во Mozzart.

Хамбургер – Брауншвајг – 1&3+ @ 2.05 во 22Bet

После одличниот старт на сезоната, Хамбург попушти и благодарение на киксовите од другите тимови, тие се наоѓаат на второто место на табелата, а пред нив е градскиот ривал Ст. Паули. Се уште нема поминато половина од првенството, а за Хамбургер е најважно да бидат помеѓу двете првопласирани екипи и да направат обид за да се вратат во Бундеслигата. Брауншвајг се наоѓа на 17-то место и собраа само 8 бода досега и единствено Оснабрик е послаб од нив. Домаќините се фаворити, па веруваме дека ќе ја оправдаат таа улога. Типуваме 1&3+ со квота 2.05 во 22Bet.

Ротерам – Лидс – ГГ3+ @ 2.12 во Bet365

На Лидс им требаше доста време за да се навикнат и повторно да играат во Чемпионшип каде што поминаа две децении пред повратокот во елитата. Овој пат започнаа малку послабо и дозволија Лестер и Ипсвич да се одделат. Гостувањето во Ротерам е едно од оние кое мора да се добие. Домаќините не се во добра форма и на последните 11 натпревари имаат само една победа, а на последните четири натпревари зедоа само еден бод. Веруваме дека двата тима ќе одат на победа, па типуваме ГГ3+ со квота 2.12 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 10.34

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 27.06.2026)

Продолжуваат натпреварите од третото коло на овогодинашното издание на Мундијалот, а покра…