Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз (2-5) на гостувањето кај Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако амбициите беа да се извлече поволен резултат, макар нерешено, сепак црвено-жотте беа далеку од тоа.
Селекторот Благоја Милевски по мечот го изрази своето незадоволство од играта и резултатот.
„Кога ќе примиш четири од пет гола од прекини значи не си бил фокусиран.
Во првиот дел не одигравме како што сакавме.
Во второто одигравме доста добро. Не успеавме да изедначиме, а тоа што се отворивме нé чинеше уште два гола.
Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и резултатот“, изјави Милевски.