Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска.
После долгата суспензија која ја доби Погба, клубот е во потрага по негова замена, а прва желба е Томас Парти од Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсенал исто така е спремен да го продаде, бидејќи фудбалерот не е во плановите на тренерот Артета.
Јувентус сака да го доведе Парти во јануари на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
Како алтернатива се споменува Хојберг од Тотенхем, за кого „бјанконерите“ исто така покажуваат силен интерес.