Дома Останати Кошарка НБА Jaнис повторно блесна и се радуваше против Вучевиќ, Торонто до пресврт по 23 поени негатива! 🎥

Jaнис повторно блесна и се радуваше против Вучевиќ, Торонто до пресврт по 23 поени негатива! 🎥

Кошаркарите на Милвоки запишаа нов триумф во НБА лигата откако вчера на домашен терен го победија Чикаго Булс со 118:109.

Најдобар на теренот повторно беше Јанис Адетокумбо кој натпреварот го заврши со 35 поени, 11 скока и две асистенции. На спротивната страна Никола Вучевиќ беше најефикасниот со 26 поени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Торонто успеа да се врати од негатива од 23 поени и така со пресврт славеше против Вашинтон Визардс со 111:107. Најдобар на мечот беше Паскал Сиакам кој уфрли 39 поени, во редовите на поразените Кајл Кузма уфрли 34 поени.

Во преостанатите натпревари кои се играа вчера Бостон го доби Њујорк со 114:98, а Сакраменто го совлада Кливленд со 132:120.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…