Дома Фудбал Сопиќ ја покори Литванија: За 20 дена освои два трофеја!

Сопиќ ја покори Литванија: За 20 дена освои два трофеја!

Сопиќ ја покори Литванија: За 20 дена освои два трофеја!

Првите трофеи во самостојната тренерска кариера на Жељко Сопиќ пристигнаа во растојание од само 20 дена. По Купот освоен на 11 октомври, 52-годишниот хрватски стратег со Кауно Жалгирис го обезбеди и шампионскиот пехар во Литванија.

Двојната круна беше потврдена со убедливи 4:1 на гостувањето кај Хегелман, иако почетокот на натпреварот не навестуваше таков расплет. Доминикас Пашилис ги доведе домаќините во предност уште во втората минута, но гостите го свртеа резултатот пред паузата.

Главните потези ги повлекоа двајца хрватски фудбалери. Леон Крековиќ, поранешниот играч на Хајдук, погоди за 1:1 во 29. минута, а Габриел Дебељух само три минути подоцна му донесе водство на Кауно Жалгирис. Дебељух повторно беше прецизен во 78. минута, додека конечниот резултат беше поставен во судиското продолжение.

Со оваа победа шампионот стигна до 58 бода. Жалгирис од Вилнус остана седум бода зад него и веќе нема можност да го достигне, па титулата е математички обезбедена на едно коло пред крајот.

На Сопиќ му беа доволни четири месеци за два пехара. Тој пристигна на клупата кон крајот на јуни, по заминувањето од Осиек, и го предводеше клубот до одбрана на шампионската титула. Претходната сезона Кауно Жалгирис првпат во својата историја стана првак, а сезонава во клупската колекција го додаде и првиот Куп.

Во куп-финалето беше совладан второлигашот Минија со 3:0. Крековиќ и Дебељух и на тој натпревар беа меѓу стрелците. Дел од составот се и Ентони Калик, поранешен играч од средниот ред на Хајдук, како и Иван Фиолиќ, кој настапуваше за Динамо и Осиек.

Пред литванската авантура, Сопиќ ги водеше Рудеш, Горица, Риека и Осиек, а имаше и други ангажмани во странство. Со Риека во сезоната 2023/24 заврши втор во хрватското првенство и играше финале во Купот. Со Кауно Жалгирис обезбеди и пласман во лигашката фаза од Конференциската лига, каде што тимот ги загуби првите два натпревара.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Бриж бара околу 50 милиони евра

Николо Тресолди постигна 12 гола на 14 натпревари, а покрај Арсенал го следат уште три анг…