По поразот од Челзи на домашен терен, Тотенхем денес изгуби и од Вулвс (2:1) иако „петлите“ имаа предност се до 90. минута.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Изгледаше дека по поразот од Челзи во кој имаа и два играчи помалку Тотенхем денес ќе слави победа, но со еден неверојатен пресврт домаќините денес освоија три бода. Џонсон по асистенција од Поро ги доведе домаќините во водство по само три минути игра.
Резултатот 0:1 на семафорот беше актуелен се до самата завршница. Тогаш прво Сарабија во 90. минута погоди за израмнување, за потоа во 97. минута Лемина да стрела за победа.