Meдиумите во Англија се уште пишуваат за дербито на Манчестер кое заврши со победа на Сити од 3:0. Тен Хаг е еден од најкритикуваните во овој момент, а холандскиот стратег наводно имал малку чудни методи за да ги казни неговите фудбалери.
Островските медиуми пренесуваат дека по крајот на натпреварот, Тен Хаг им наредил на неговите фудбалери да молчат и да ги слушаат ривалите како ја слават победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така на фудбалерите им бил скратен слободниот ден кој вообичаено го имаат по натпревар, па морале во понеделникот да се појават на тренинг. Тоа не било се, тие добиле и домашна задача да гледаат видео снимки од своите грешки и да анализираат зошто постапиле на тој начин.
Според дел од јавноста ваквиот однос на Тен Хаг во оваа ситуација не само што не би донел подобри резултати, туку уште повеќе ќе ја наруши атмосферата во тимот. Но останува времето да покаже…
Тен Хаг е обвинуван и дека потроши скоро пола милијарда евра на фудбалери по негова желба, а резултати нема…(ТУКА)