Дома Фудбал Англија Maнчестер Јунајтед избрка вработен во клубот поради Палестина

Maнчестер Јунајтед избрка вработен во клубот поради Палестина

Манчестер Јунајтед отпушти вработен во клубот кој на навивачите им ветувал дека ќе им помогне да внесат занмиња од Палестина на претстојните натпревари.

Станува збор за човек кој работел како стјуард на „Олд Трафорд“. Претходно навивач се жалеше дека му бил одземен сезонскиот билет затоа што на 30 секунди го покажал палестинското знаме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачот се жалеше дека клубот претходно не потенцирал дека е забрането да се истакнуваат знамиња на Палестина. Меѓутоа очигледно е дека во Јунајтед се строги на ова прашање, па затоа отказ доби и вработениот стјуард кој ветувал помош.

Вработениот бил известен дека е остранет од листата на вработени и повеќе нема да биде повикуван на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крајот на 2025 година носи лоши вести за Барселона!

Во последните месеци многу се зборуваше за плановите на Барселона за ново засилување во на…