Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 28.10.2023)

Тикет на денот (сабота, 28.10.2023)

Уште една сабота со полна понуда е пред нас. Натпревари има многу, а ние се надеваме дека ја направивме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Челзи – Брентфорд – 1 @ 1.62 во Mozzart

Челзи игра многу слабо оваа сезона, а најдобар доказ за тоа ни е позицијата на средината на табелата во англиската Премиер лига. Во последно време се подобрија и врзаа две последователни победи, но и едно реми против Арсенал, а треба да се нагласи дека на тој дуел имаа предност од два гола и не успеаа да ја сочуваат. Брентфорд од друга страна конечно врзаа победа во последниот натпревар против Барнли, па тоа е можеби најава за подобар период. Сепак ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.62 во Mozzart.

Менхенгладбах – Хајденхејм – 1 @ 1.88 во 22Bet

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тимот на Борусија Менхенгладбах е најголемото разочарување во досегашниот тек од првенството и тие собраа само 6 бода од 8 изиграни натпревари и се наоѓаат веднаш над црвената зона. Хајденхејм нема кој знае каков импресивен учинок, но за нив најважно е да останат во Бундеслигата подолго од една сезона. Ова делува како идеална можност за Менхенгладбах да земе три бода и ние затоа решивме да типуваме 1 со квота 1.88 во 22Bet.

Јувентус – Верона – 1 @ 1.40 во 20Bet

Јувентус оваа сезона нема обврски во Европа, па комплетно можат да се посветат на Серија А. Засега може да кажеме дека играат просечно и се наоѓаат на 3-та позиција на табелата, а во минатото коло зедоа важни три бода бидејќи со минимален резултат победија против Милан. Верона од друга страна влезе во криза и нема победа на последните пет натпревари, поточно во тој временски период запишаа четири порази и едно реми. Наш предлог за овој натпревар е 1 со квота 1.40 во 20Bet.

Ипсвич – Плимут – 1 @ 1.40 во Bet365

Ипсвич е еден од посериозните кандидати во англискиот Чемпионшип кој сака да обезбеди пласман во англиската Премиер лига. Засега се наоѓаат на втората позиција и слободно може да констатираме дека им оди одлично. Плимут пак игра лошо, па оправдано се на 21-та позиција, поточно на позицијата кој е веднаш над црвената зона, па доколку продолжат со лоши игри, лесно може да станат дел од тие позиции. Домаќините се фаворити и веруваме дека ќе успеат да ги земат трите бода на овој натпревар. Наш предлог е 1 со квота 1.40 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.97

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 19.09.2025)

После возбудливото премиерно коло во Лигата на шампиони се враќаме на домашните првенства.…