Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели изјави дека не се откажува од репрезентацијата и се уште се надева на повик.
Кариерата на Балотели веќе неколку години е во надолна линија и тој не е дел од репрезентацијата, а призна дека најголема болка му бил поразот од Македонија во баражот за СП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Веќе не ги гледам натпреварите на италијанската репрезентација. Премногу е болно што не сум во неа. Понекогаш ги мразев луѓето кои работат во репрезентацијата. Но, искрено, не можам да ги гледам натпреварите бидејќи би сакал да бидам дел од тимот, многу му должам на Роберто Манчини, но и тој ми должи мене“, истакна Балотели.
„Натпреварот Италија – Македонија ми ја зададе најголемата болка. Мислам дека никогаш не се опоравив од таа тага. Ја презедов одговорноста што не се квалификувавме за Светското првенство, иако не играв, бидејќи некои од поискусните немаа храброст да истапат“, додаде Балотели.