Дома Фудбал Англија Проблем за Клоп: Тешка повреда на Енди Робертсон?

Проблем за Клоп: Тешка повреда на Енди Робертсон?

Репрезентативната пауза донесе нови проблеми за Јирген Клоп, откако се повреди еден од најстандардните фудбалери на Ливерпул, левиот бек Енди Робертсон.

Робертсон заработи сериозна повреда на рамото во натпреварот против Шпанија.


Фудбалерот од одбраната се повреди по еден дуел со шпанскиот голман Унаи Симон, а очигледно станува збор за посериозна повреда.

„Да, изгледаше сериозно, но не знаеме ништо конкретно во овој момент. Сега се враќа во неговиот клуб каде што ќе му бидат направени детални прегледи“, изјави селекторот на Шкотска, Стив Кларк, по натпреварот.

Прегледите ќе покажат колку Робертсон нема да му биде на располагање на Клоп, првите прогнози велат дека ќе отсуствува најмалку еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо создава „машинерија“ – овој тим би можел да игра на Светското клупско првенство (Фото)

Чаби Алонсо наскоро ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид, а веќе составува „машинерија“ о…