Баерн Минхен би можел да ја врати клупската легенда, Жером Боатенг (35) пишуваат германските медиуми.
Дефанзивецот кој одигра 363 натпревари освои 22 трофеи од кои два во Лигата на шампионите и девет во Бундеслигата би можел повторно да биде дел од овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Скај Спорт“, Баерн преговара со Боатенг кој би можел да се врати како слободен играч по раскинот на договорот со Лион. Причината поради која Баерн е заинтересиран се здравствените проблеми во германскиот гигант.
За репрезентацијата на Германија, Боатенг одигра 76 натпревари од 2009 до 2018 година и освои злато (2014) и бронза (2010) на светските првенства.