Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро Папу Гомез се враќа во Серија А, овој пат во дресот на Монца.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
35-годишниот офанзивен играч за врска е слободен играч по заминувањето од Севиља ова лето.
Галиани веќе постигнал договор со Аргентинецот, кој ќе пристигне во Монца како замена за повредениот Капрари.
Гомез својата афирмација ја доживеа во Серија А, играјќи за Катанија и за Аталанта од 2010 до 2021 година, од каде се пресели во Севиља.