Шпанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за плејмејкерот на Виљареал, Ману Трегуерос и сака да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ во зимскиот преоден рок сакаат да го засилат тимот со квалитетен играч за врска, а прва трансфер цел е токму Трегуерос.
Играчот за врска на Виљареал може да игра на повеќе позиции во средниот ред и е еден од најдобрите во Примера.
Наводно „росонерите“ веќе стапиле во контакт со раководството на Виљареал, со кој имаат одлични релации и ова лето ги договорија трансферите на Мусакио и Бака.
Шпанските медиуми тврдат дека Милан е спремен да понуди 40 милиони, сума која ќе ги задоволи апетитите на „жолтата подморница“.