Дома Видео Неверојатно: Телохранителот го чува Меси и додека игра натпревар 🎥

Неверојатно: Телохранителот го чува Меси и додека игра натпревар 🎥

Еуфоријата во Мајами со пристигнувањето на Лионел Меси во овој клуб и понатаму е голема, Меси досега одигра шест натпревари и постигна гол на секој од нив и има вкупно девет гола.

Интер Мајами со него победува, додека пред да пристигне Меси тимот не знаеше за триумф два месеци.

Аргентинецот предизвикува еуфорија каде и да се појави, голем број фанови сакаат фотографија со него, па затоа неопходен му е телохранител. Но, звучи неверојатно дека телохранителот на Меси има обврска да го чува и додека тој игра натпревар.

Тоа може да се забележи на двете видеа објавени на социјалните мрежи каде што се гледа истиот човек до Меси кога излегува од автобусот и кога еден фан на теренот се обидува да дојде до Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Баерн Минхен во тајна средба со Пеп Гвардиола, но без интерес за Халанд

Баерн Минхен неодамна имаше тајна средба со поранешниот тренер Пеп Гвардиола, но нема вист…