Дома Фудбал Останато Шоу на Меси: Со ремек-дело го предводеше Интер Мајами до четвртфинале!

Шоу на Меси: Со ремек-дело го предводеше Интер Мајами до четвртфинале!

Tимот на Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот на Северна и централна Америка откако по пенали го совлада Далас со 5:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вистински херој на Интер Мајами беше Меси кој имаше свое шоу. Аегентинецот го отвори резултатот во шестата минута, а подоцна Далас направи пресврт и поведе со 3:1.

Преку Кремаши Интер Мајами намали на 3:2, но три минути подоцна одново Далас дојде до два гола предност (4:2). Со автоголот на Фарфан тимот на Меси намали на 4:3, за потоа Аргентинецот со фантастичен гол од слободен удар да изедначи на 4:4.

Меси беше прецизен и од белата точка во изведувањето на пенали, додека неговиот тим обезбеди место во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…