
Пет гола и целосен пресврт не беа единствените возбудувања на дуелот меѓу Стал од Сталова Вола и резервниот состав на Легија Варшава. Натпреварот од третиот полски ранг имаше и несекојдневен прекин: млад човек влезе на тревникот возејќи електричен тротинет.
Сцената се случи во судиското надополнување. Наместо да истрча на терен, непоканетиот гостин се провозе по него, оставајќи ги фудбалерите и судијата зачудени. Обезбедувањето реагираше и тргна по него, а играта мораше накратко да запре.
Не е познато дали редарите успеале да го стигнат младичот. Прекинот, сепак, не траеше долго и средбата беше продолжена, по што домаќините ја заокружија победата од 3:2, откако претходно губеа со 0:2.
На необичниот упад реагираше и полскиот коментатор Адам Делимат. Тој ја објави сцената на Икс, со забелешка дека веројатно досега немало нешто слично, притоа остро критикувајќи го однесувањето на младичот.
Czegoś takiego chyba jeszcze nie było 😬😂 Mecz Stali Stalowa Wola z rezerwami Legii Warszawa przerwany przez… No właśnie – kukiriniarza? Czy po prostu dzbana? 🙈🤦♂️ https://t.co/chXywy8SnW— Adam Delimat (@a_delimat) November 27, 2026