Дома Фудбал Англија Претседателот на Тотенхем обвинет за измама. Му се закануваат 25 години затвор

Претседателот на Тотенхем обвинет за измама. Му се закануваат 25 години затвор

БРИТАНСКИОТ милијардер и сопственик на Тотенхем Џо Луис (86) е обвинет во САД за тргување со повластени информации.

Според американските и британските медиуми, Луис е обвинет за 19 точки за заговор и измама со хартии од вредност, за што му се заканува казна затвор до 25 години.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Користел повластени информации кои им го давал на своите романтични партнери, пријатели, на своите лични асистенти, приватни пилоти. Тоа е класична корпоративна корупција, тоа е мамење и е противзаконски“, изјави американскиот државен обвинител за јужниот округ на Њујорк, Демиен Вилијамс во видео-изјава за медиумите.

Вилијамс истакна дека Луис го „злоупотребил својот пристап до корпоративните простории за состаноци“ за да ги споделува повластените информации.

„Тие луѓе потоа тргувале со повластените информации и заработиле милиони долари на берзите“, додава обвинителот.

Луис важи за еден од најбогатите Британци, со имот вреден околу шест милијарди долари.

Неговата холдинг компанија ENIC купи мнозински удел во Тотенхем во 2001 година од тогашниот сопственик Алан Шугар, уште еден познат британски тајкун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…