Според последните информации дел од англиските и италијанските медиуми, тимот на Њукасл е спремен да плати 82 милиони евра за Квича Кварацхелија.
Њукасл во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите и сака сериозни засилувања, токму затоа веќе го доведоа Сандро Тонали од Милан, а сега го сакаат и одличниот Грузиец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кварацхелија во Неапол заработува 1.2 милиони евра по сезона, но се шпекулира дека Наполи сака да му понуди договор вреден три милиони евра по сезона за да остане во клубот. Во редовите на Наполи, Кварцахелија пристигна од Динамо Букурешт за 11.5 милиони евра.
Во изминатата сезона, Кварацхелија покрај, Виктор Осимен беше најважниот играч во освојувањето на Скудетото на кое тимот во кој игра и нашиот Елиф Елмас чекаше 33 години.
Њукасл досега во овој преоден рок за Тонали плати 64 милиони евра и за Јанкуб Минтех од Оденсе осум милиони евра, но тој веднаш беше испратен на позајмица во Фејенорд.