Јувентус ја контактирал Барселона за можноста да го агажира Франк Кеси, пренесуваат италијанските медиуми.
Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент од Милан, но не ги задоволи очекувањата на тренерот Чави, па главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а на врвот на листата желби на „старата дама“ е токму Франк Кеси.
Барселона сака да го продаде и очекува понуди за играчот, но за неговара слобода бара околу 25 милиони евра.
Јувентус откако ја загуби битката за Милинковиќ-Савиќ сега се насочува кон Кеси и е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.