Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс последните шест месеци играше на позајмица во Челзи и се врати во Атлетико Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.
Јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне, па си бара нов клуб, а интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.
Јунајтед веќе имал контакт со агентите на Феликс, но не е спремен да плати 100 милиони евра колку што бара Атлетико за неговата слобода.
Двата клуба наскоро ќе почнат преговори, а наводно „јорганџиите“ се спремни да ја намалат цената.