Oд вчера Доминик Собслаи е нов фудбалер на Ливерпул и на „Енфилд“ ќе настапува со дресот со број осум.
Одличниот унгарски фудбалер откри дека причината што се одлучил „за осмицата“ е Стивен Џерард кој има статус на легенда во Ливерпул. Собослаи на своето тело има и тетоважа со цитат од Џерард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу добри играчи го носеле овој број, но јас имам тетоважа со цитат од Џерард, не се сеќавам кога го кажа тоа, но тоа е приччината што го избрав овој број. Да бидам искрен како дете не гледав премногу фудбал, но ги гледав натпреварите во Лигата шампионите. Ливерпул ми беше еден од омилените, а Џерард е помеѓу најголемите играчи во историјата“, изјави Собослаи.
Тетоватажа на Собослаи е напишана на негов мајчин јазик со текст:
„Талентот е благослов од Бога, но без неверојатна желба и понизност, тој е безвреден“.
Ќе потсетиме, пред Собослаи, Ливерпул го доведе МекАлистер од Брајтон.