Дома Трансфер зона Милан преговара со ѕвездата на Валенсија

Милан преговара со ѕвездата на Валенсија

Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде да го засили средниот ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После продажбата на Тонали „росонерите“ се спремни да донесат 2-3 играчи за врска, а првиот кој ќе пристигне е Лофтус Чик од Челзи.

Притоа, Милан започна преговори со Валенсија за младата ѕвезда Јунус Менса, кој одигра одлична сезона.

Менса има само 20 години и оваа сезона одигра 37 меча за Валенсија, па го привлече вниманието на многу клубови.

Тој според карактеристиките наликува на Франк Кеси, а важи за еден од најголемите таленти во моментов.

Преговорите се во напредна фаза, а Милан може да го договори трансферот за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…