Синот на легендарниот Жорж Веа кој во минатото го носеше дресот на Милан, Тимоти ќе се пресели во Италија, но не во дресот на „росонерите“, туку во нивниот голем ривал, Јувентус.
Јувентус постигнал договор за трансфер на Веа од Лил, а сумата на трансферот ќе изнесува околу 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од претходно беше познато дека Јувентус ги договори личните услови со младиот фудбалее, а сега е постигнат договор и со францускиот тим. Во текот на оваа недела Веа ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот. Најавите се дека се ќе биде завршено до четврток.
Жорж Веа пет години го носеше дресот Милан и остави длабока трага во црвено-црниот дрес. 23-годишниот Веа е репрезентативец на САД од 2019 година, претходно беше дел од младинскиот погон на ПСЖ.