Дома Топ вести Гвардиол се договори со Сити, се спрема рекорден трансфер

Гвардиол се договори со Сити, се спрема рекорден трансфер

Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Сити ова лето.

Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, но „граѓаните“ ја победија конкуренцијата и постигнаа договор со Хрватот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Граѓаните“ веќе постигнале договор со дефанзивецот, а во моментов се блиску и до договор со Лајпциг.

Германскиот клуб за слободата на Гвардиол бара 100 милиони евра, а понудата од Сити со бонуси може да достигне и до 110 милиони евра.

Се очекува во наредните денови двата клуба да го договорат трансферот, кој ќе биде најскап за еден дефанзивец во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…