Во текот на летото им недостасуваа неколку часа, но во јануари тој пристигнува на „Сан Сиро“.
Во последниот ден од преодниот рок талентираниот, Јакуб Јакхто беше опција за Милан и токму тој требаше да биде 12 засилување за клубот ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, „росонерите“ немаа доволно време да го реализираат овој трансфер, но гигантот од Милано не се откажа. Тие и понатаму бараа решение и на крајот успеаа да се договорат, Јакхто во јануари пристигнува во Милано како позајмен фудбалер, но Милан ќе има право веќе на лето и целосно да го откупи неговиот договор, начинот на реализиацијата на овој трансфер е сличен со оној на Кеси од Аталанта.
Иначе, се работи за Чех кој има 21 години, скаутите на Удинезе го доведоа уште како 17 годишник, а колку верува во него доволно говори фактот што на Славија и платија 700.000 евра за овој централен играч за врска кој може да игра на позиција веднаш зад напаѓачите.