Дома Трансфер зона Татко му е легенда на Милан, синот го избра Јувентус

Татко му е легенда на Милан, синот го избра Јувентус

Јувентус го договори трансферот на Тимоти Веа од Лил, пренесуваат италијанските медиуми.

Младиот напаѓач е син на легендарниот напаѓач Жорж Веа, кој најдобрите години од кариерата ги помина во Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според италијанските медиуми „старата дама“ веќе го договорила трансферот на Тимоти Веа, кој е репрезентативец на САД.

Веа има 23 години и минатата година одигра 32 натпревари за Лил, а Јувентус за неговиот потпис ќе плати 12 милиони евра.

Тимоти е десно крило, со одлична техника и визија за гол, но може да игра и во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…