Челзи ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот, многу ѕвезди ќе заминат, но ќе пристигнат нови засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Една од најголемите желби на новиот тренер Покетино е ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија.
Кварацхелија блесна во својата прва сезона во Наполи и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А.
Грузиецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Челзи сака да ја победи конкуренцијата и нема да жали пари.
Лондонскиот клуб размислува за понуда вредна 120 милиони евра и му нуди три пати поголема плата од таа која ја има во Наполи.