Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат медиумите на Островот.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Ервопа, па е прва желба на „црвените ѓаволи“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да понуди 60 милиони евра за неговиот потпис, но Милан не сака да слушне за негова продажба.
Тео неодамна стави потпис на нов договор до 2026 година и „росонерите“ се спремни да ја одбијат понудата.
Меѓутоа, Французинот не е задоволен после заминувањето на Паоло Малдини од клубот, па може самиот да побара трансфер.