Дома Фудбал Италија Наполи изненади со изборот на нов тренер!?

Наполи изненади со изборот на нов тренер!?

Зад Наполи е историска сезона. Клубот од Неапол на доминантен начин ја освои Серија А и по трет пат стана шампион на Италија, а првпат по ерата на Диего Армандо Марадона.

Спалети го предводеше од клупата до Скудетото, но тоа не беше доволно за да му ја спаси работата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Влегол во конфликт со сопственикот, го напуштил тимот и решил да одмори една година и да не работи никаде.

Веќе извесно време се шпекулира кој би можел да го наследи, а утринава, според неколку италијански и француски медиуми, Кристоф Галтие, кој го водеше Пари Сен Жермен, ја освои титулата во Франција, но доби отказ поради неуспех во Лигата на шампионите.

Пред ПСЖ, Галтие раководеше со Сент Етјен, кој го предводеше од 17. до четвртото место, потоа Лил со кој пред две години го освои францускиот шампионат и стави крај на доминацијата на ПСЖ. Од Лил замина во Ница, а минатото лето се пресели во Париз.

Заминувањето во Неапол би било негов прв странски ангажман во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал не го препозна талентот на Вирц, агентот откри што му рекол Алонсо!

Волкер Штрут, агентот на познатиот германски фудбалер Флоријан Виерц, откри дека неговата …