Дома Трансфер зона Барселона за пет милиони евра купи играч од хрватски второлигаш

Барселона за пет милиони евра купи играч од хрватски второлигаш

Според последните информации на хрватските и светските медиуми, Барселона купила играч од Кустошија, тим кој се натпреварува во Втората лига во Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Микаил Фаје кој има 19 години и важи за еден од поголемите таленти на својата позиција. Иако станува збор за хрватски второлигаш, Барселона платила сума од пет милиони евра.

Интерес за младиот Сенегалец покажаа и екипите на Борусија Дортмунд и Челзи, но тој се одлучил кариерата да ја продолжи во каталонскиот гигант.

Во редовите на Кустошија тој пристигна оваа сезона и си заминува по само шест месеци и тоа во трансфер од соништата, а од друга страна со овие пет милиони евра хрватскиот второлигаш сигурно си обезбеди буџет за неколку сезони.

Првпат Фаје од скаутите на европските клубови бил забележан во 2019 година кога со Сенегал настапуваше на Светското првенство до 17 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…