Mинатото лето Роберт Левандовски го напушти Баерн Минхен и се пресели во Барселона, а сега шпанските медиуми пишуваат дека би можел да му зададе нов удар на неговиот поранешен клуб.
Од претходно е познато дека Барселона е заинтересирана за Џошуа Кимих, а сега Левандовски јавно го повика талентираниот играч на баварците да му се придружи во Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да му кажам на Кимих дека за него трансфер во Барселона би бил одлична работа. Атмосферата тука е одлична, станува збор за два големи клуба, меѓутоа тука во Барса се е поинаку“, изјави полскиот напаѓач.
Кимих со Баерн има договор до 2025 година и според најавите Барселона е спремна за неговите услуги да издвои 50 милиони евра.