Дома Топ вести Сагата со Меси го добива својот крај: Се ќе биде познато за четири дена?!

Сагата со Меси го добива својот крај: Се ќе биде познато за четири дена?!

Вероника Брунати, новинарката која важи за добро известена кога се аргентинските фудбалери во прашање пренесува информации за Лионел Меси.

Имено, Брунати денес откри дека за четири дена ќе биде позната иднината на Лионел Меси, односно дали ќе се врати во Барселона. Освен што досега се покажа дека има доверливи информации Брунати е и пријателка со Меси, па затоа оваа информација добива на тежина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според нејзините информации Ла Лига на 19-ти мај би можела да ја одобри регистрацијата на Меси. На својот Инстаграм профил таа објави неколку точки.

-Барселона прави се за да го врати Меси и сака тоа да го реализира во јуни.

– Меси сака да се врати во Барселона

– Вербалниот договор е постигнат од претходно. Примањата на Меси ќе бидат многу помали отколку во Париз, но во неговото враќање нема никакви финансиски мотиви, туку само сентиментални, Барселона е негов дом.

– Лапорта изградни однос и повторно има добра комуникација со Лео.

– Ла Лига ќе даде зелено светло и фиансискиот план на Барселона би требало да го прифати на 19-ти мај.

– Барселона побара писмен документ дека договорот на Меси ќе биде регистриран за да не се појави ситуација како пред две години кога Ла Лига ги промени правилата и дојде до проблем во договорот со Лео.

Останува да видиме што ќе се случува, но дефинитивно многу брзо и требало да биде познато дали Меси се враќа летово во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…