Дома Трансфер зона Готово: Бускетс одлучи да ја напушти Барселона

Готово: Бускетс одлучи да ја напушти Барселона

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс веќе решил да ја напушти Барселона и го информирал клубот за својата одлука, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Договорот на 34-годишниот играч за врска истекува на крајот на сезоната, а Барселона сакаше да го задржи уште една сезона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот Чави настојуваше Бускетс да го продолжи договорот бидејќи смета дека може де биде многу важен за тимот и следната сезона.

Сепак, тој донесе одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната, а тоа само дополнително ги засили шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија заедно со Меси.

Бускетс е дете на Барселона и цели 15 години ги помина во првиот тим на Каталонците

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…