Ливерпул ја разгледува можноста да го доведе на „Енфилд“ плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу, пренесуваат италијанските медиуми.
Клоп во 28-годишниот турски репрезентативец гледа идеална замена за Милнер, кој на лето ќе го напушти „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул сака да доведе две засилувања во средниот ред, а на списокот е и Чалханоглу.
Турскиот репрезентативец одигра уште една добра сезона и Интер сака да му понуди нов договор.
Сепак, не се исклучува можноста за негова продажба доколку Ливерпул испрати добра понуда.