Дома Останати Откриени детали за смртта на олимписката и светска шампионка

Откриени детали за смртта на олимписката и светска шампионка

Во текот на вчерашниот ден пристигна веста за смртта на олимписката и светска шампионка, Американката Тори Боуви, а денес се објавени нови детали.

Полицијата за јавноста откри дека 32-годишната Тори подолго време не била забележана во јавноста и поради тоа го посетиле нејзиниот дом каде што ја пронашле мртва. Не биле пронајдени никакви траги на насилство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според информациите на американските медиуми подолг период Тори имала психички проблеми и поради тоа не сакала да се појавува во јавноста и најверојатно се самоубила, сепак тоа допрва треба да се потврди.

Во својата кариера Тори најголемиот успех го имаше околу Олимписките игри во Пекинг (2016) кога на Светското првенство вп Пекинг освои бронза, а потоа освои и златен медал на Игрите во штафета четири пати по 100 метри, сребро на спринт од 100 метри и бронза во трка на 200 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…