Дома Топ вести Баерн го стави Мане на продажба, ПСЖ веднаш спреми понуда

Баерн го стави Мане на продажба, ПСЖ веднаш спреми понуда

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен сака после само една година да го продаде Садио Мане.

Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити во четвртфиналето од ЛШ е последица од фрустрациите на Сенегалецот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес покажува Пари Сент Жермен.

ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Мане, бидејќи на лето ќе остане без Меси, а неизвесна е иднината и на Нејмар.

„Светците“ нема да имаат проблем да ги задоволат финансиските барања на Сенегалецот, па трансферот е се поизвесен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…