Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, клубот побарал да прифати намалување на платата, па откако Кеси одбил и Барселона е спремна да го продаде.
Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус, кој сака да го врати играчот во Серија А.
Барселона за неговата слобода бара 25 милиони евра, а „старата дама“ е спремна да ја плати таа сума.